Manitaria Afelija - мезе од печурки
Прекрасно јадење кое може да се сервира како прилог кон скара, печено месо или како самостојно посно јадење.
Прво во касерола се става маслиновото масло и се додава ситно сецканиот кромид.
Се пропржува 1-2 минути, кромидот да застакли. Се додава ситно сецканото лукче.
Се додава белото вино, зачините.Одма се додаваат излупените и на коцки исецкани домати.
Нека крчка на тивко додека не се преполови количината.
Доколку користите концентрат од црвен домат, тогаш помешајте го со 120 мл вода.
Кога останал сосот на половина додадете ги малите шампињони.
Нека крчка уште 5 минути.
Готовото мезе посипете го со ситно сецкан магдонос.
Лиценца: Сите права се задржани