Manitaria Afelija - мезе од печурки
Состојки
- 1 мала глвица сецкан кромид
- 1 чешне лук
- 2 големи црвени домати
- 1/4лажиче шеќер
- 1/4лажиче сол
- 1/2лажиче босилек
- 1/2лажиче оригано
- 1/4лажиче бел бибер
- 2-3лажици маслиново масло
- 30мл бело вино
- 1 ловоров лист
- 500гр ситни шампињони
Подготовка
Прекрасно јадење кое може да се сервира како прилог кон скара, печено месо или како самостојно посно јадење.
Прво во касерола се става маслиновото масло и се додава ситно сецканиот кромид.
Се пропржува 1-2 минути, кромидот да застакли. Се додава ситно сецканото лукче.
Се додава белото вино, зачините.Одма се додаваат излупените и на коцки исецкани домати.
Нека крчка на тивко додека не се преполови количината.
Доколку користите концентрат од црвен домат, тогаш помешајте го со 120 мл вода.
Кога останал сосот на половина додадете ги малите шампињони.
Нека крчка уште 5 минути.
Готовото мезе посипете го со ситно сецкан магдонос.