Видео рецепт: Мафиши
Денес ќе готвиме заедно со Лудо, готвач член на нашата веб-страница. Таа ќе подготви еден од нејзините најпопуларни рецепти, Мафиши.
Мафиши се еден вид брзи крцкави мекици кои традиционално се подготвувале и се носеле на Повојница.
Подготовка
Чекор 1: Од сите состојки замесете тесто, на рака или со миксер. Матете ги течните состојки и јајцата со обичните маталки и пред да го додадете брашното ставете ги маталките за тесто. Матете го тестото додека да се изедначи за да добиете мазно и средно меко тесто.
Чекор 2: Тестото поделете го на мали топчиња. Можете да го делите на половина, повторно на половина, повторно на половина, сè додека не добиете топчиња со големина по ваш избор. Ние добивме 16 топчиња.
Чекор 3: Секое топче расукајте го во тенка кора. Редете ги корите една врз друга премачкувајќи ја секоја кора, освен последната. Од купот кори расукајте една кора со дебелина од половина сантиметар. Може да ја расукате и потенко бидејќи убаво нараснуваат при пржењето.
Чекор 4: Сечете квадрати или правоаголници на кои ќе направите мали засеци да личат на прсти. Пржете ги во загреано, но не врело масло, од двете страни додека да заруменат. Испржените Мафиши наредете ги на хартиена салфетка за да се впие вишокот маснотија.
Чекор 5: Посипете ги со шеќер во прав и сервирајте.
СОВЕТ: Во шеќерот може да додадете арома на ванила за поубав вкус. А може да ги јадете и без шеќер, со сирење или друг солен додаток.