Круша
Хранливи вредности на крушата:
Крушата има благ и богат вкус, ја нуди крцкавоста на јаболката, но е сочна како праски или нектарини. Ова едноставно овошје е многу популарно, особено во северната хемисфера, поради уникатните хранливи својства.
Ботанички, крушата е овошен плод што се раѓа на дрво кое спаѓа во фамилијата Rosaceae, од родот Pyrus. Во овој род спаѓаат и јаболкото, јапонското јаболко итн. Научното име на крушата е Pyrus communis.
Крушите пошироко се класифицираат според потеклото на азиски и европски круши. Азиските сорти имаат крцкава текстура и се доста цврсти и не се менуваат многу по бербата и складирањето, поради што се совршени за јадење во секој момент. За разлика од нив, европските сорти стануваат меки и сочни ако им се дозволи да узреат.
Структурно, крушата има специфична крушковидна форма која наликува на ѕвоно, долга е до 15 сантиметри и тежи околу 200 грама. Свежото овошје е цврсто со вкус кој потсетува на јаболко. Надворшено, крушата има многу тенка лушпа и во зависност од сортата, овошјето може да има зелена, црвено-портокалова или жолто-портокалова боја. Внатрешно, крушата содржи пулпа со валкана бела боја, која е крцкава и сочна.
Сепак, целосно узреаните круши добиваат зрнеста текстура и даваат специфично чувство при сечење со ноќ. Јадрото на овошјето е многу слично со она во јаболката, со мали семки кои не се јадат.
1. Дел од најпопуларните азиски сорти се: Ичибан Наши, Шинсуи, Шинсеки и Ниџисеки.
2. Најпопуларните европски сорти се: Бартлет и Комис.
Здравствени придобивки од крушите:
- Крушите се преполни со хранливи материи кои го одржуваат здравјето, како што се: растителните влакна, антиоксидансите, витамините и минералите, кои се неопходни за оптимално здравје.
- Крушите содржат околу 3,1 грам растителни влакна во 100 грама плод. Редовното јадење круши може да обезбеди дополнителна заштита од рак на дебелото црево. Најголем дел од растителните влакна во крушите се нерастворливи полисахариди, што ги прави одличен физички лаксатив. Исто така, зрнестите растителни влакна се врзуваат со токсините и хемикалиите кои предизвикуваат рак во дебелото црево, заштитувајќи ја слузокожата од контактот со тие материи.
- Дополнително, крушите е едно од овошјата со ниска калорична вредност. Во 100 грама круша има само 58 калории. Само неколку парчиња круша дневно можат значително да придонесат за намалување на телесната тежина и за намалување на нивото на лошиот ЛДЛ холестерол во крвта.
- Крушата содржи и солидна количина витамин Ц. Свежите плодови обезбедуваат околу 7 проценти од дневно препорачаната доза во 100 грама.
- Крушите се богати со антиоксидантски флавоноидни хранливи фито-материи, како што се бета-каротините и зеаксантините. Овие состојки, во содејство со витаминот Ц и витаминот А, помагаат во заштитата на телото од штетните слободни радикали.
- Ова овошје е и добар извор на минерали, како што се: бакар, железо, калиум, манган и магнезиум, како и витамини од Б-комплексот, како што се: фолатите, рибофлавин и пиридоксин (витамин Б6).
- Иако не е до крај истражено, крушите спаѓаат во овошјата кои предизвикуваат најмалку алергиски реакции, па затоа особено им се препорачуваат на оние што приготвуваат храна безбедна за луѓето кои страдаат од бурни алергиски реакции.
- Крушите се покажаа како корисни во третманите на: воспаление на дебелото црево, хронични проблеми со жолчката, артритис и гихт.
Избор и складирање
Свежите круши се достапни во продавниците во текот на целата година. Сортата Бартлет е доминантна во летниот период, а сортите комис, секел и др. се најчесто присутни во есен. Азиските круши обично се готови за берба во август и ги има по продавници од септември.
Одберете свежи, сјајни плодови со цврста текстура, кои имаат богат вкус. Избегнувајте ги крушите со дамки од притисок на површината, затоа што тие се индикатор на зачеток на скапување на пулпата. Некои плодови, особено од азиските сорти, имаат точки на лушпата со боја на ’рѓа, но тоа е прифатлива карактеристика.
Чувајте ги недозреаните круши во кошница, разделени една од друга, на собна температура; или завиткајте ги со хартија, за да узреат (како кај папајата). Штом површината ќе започне да пропаѓа под нежен притисок, тогаш се сосема узреани и се подготвени за јадење.
За да извлечете максимум од хранливите материи, јадете ги додека се свежи. Во спротивно, чувајте ги во фрижидер, каде што можат да останат свежи до неколку дена.
Свежите круши можат да се чуваат на собна температура неколку дена или да се складираат во фрижидер од 2 до 3 недели.
Употреба во кујната
Измијте ги во студена вода од чешма, пред да ги користите, за да ги измиете сите остатоци од прав или пестициди.
Отсечете ги двата краја со нож и потоа пресечете ја крушата на две еднакви половини. Извадете го јадрото со малите семки. Исеечете го овошјето на парчиња или коцки по потреба.
Исто како јаболката, пресечената круша за брзо време потемнува при контакт со воздух, како последица на оксидацијата. Ако мора да ги сервирате на парчиња, набрзина потопете ги парчињата во вода и потоа попрскајте ги со неколку капки свежо исцеден сок од лимон.
Праските треба да се јадат со лушпата, за да се извлече максимумот од хранливите материи. Витамините и минералите имаат најголема концентрација веднаш под лушпата.
Совети за приготвување:
- Јадете ги крушите такви какви што се, без додатоци, за да извлечете максимум од хранливите материи кои се корисни за здравјето.
- Крушите исто така се користат за приготвување овошен сок, џем, пити и овошни салати.
- Крушите се користат за приготвување коктел-сокови, заедно со ананас, праски, грозје, итн.
- Крушите се користат и за приготвување бебешка храна.