Фичо ќе прави Кременадли со сос од рен. Ренот е многу здрав корен, кој има специфичен вкус, а овој рецепт особено ќе им се допадне на љубителите на пикантни јадења!

Подготовка

Чекор 1: Ја земате тавата Трилогија од Делимано и ја ставате на силен оган, добро да се загрее. Во меѓувреме сечкате една главица кромид и две суви пиперки (благи).

Земате две кременадли и ги пржите по 30 секунди од двете страни, доволно колку да се затворат порите.

Потоа ги вадите од тавчето и ги оставате на страна.

Чекор 2: Ја намалувате ринглата на среден оган и ги додавате претходно исецканиот кромид и сушената пиперка. Ги пропржувате на среден оган додека не добијат кафеавкаста боја. Во кромидот и пиперката додавате една доза коњак и динстате додека не испари алкохолот од коњакот.

Потоа ги додавате кременадлите, па додавате бело вино . Фичо препорачува Совињон Блан затоа што има покиселкаста жичка, па така ќе ја неутрализира блажината од кромидот. Динстате околу 20 минути.

Чекор 3: Во меѓувреме во друг сад ставате 4 лажици рендан рен, 2 парчиња бајат леб (без корка) претходно натопен во топла вода со малку мешавина од зачини.

Мешате додека не добиете хомогена смеса, потоа ја ставате смесата на силен оган да се запржи, за да му излезе лутината на ренот (околу 5мин).

Потоа го вадите и му додавате сол, бибер и кисела павлака.

Чекор 4: За декорација сечкате марула и виолетова зелка, и ја зачинувате. Ја редите во чинија, па врз неа ги редите кременадлите, ги прелевате со сосот од тавата и во сад од страна го ставате ренот како додаток во ова јадење.

СОВЕТ: Секогаш после пржење оставајте го месото на страна малку да се одмори, за да се зачуваат соковите во него!