Видео рецепт: Колачиња овошни фигури
Денес ќе готвиме заедно со Надица, готвач член на нашата веб-страница. Надица ќе подготви еден од нејзините најпопуларни рецепти, Колачиња овошни фигури.
Рецепт за подготовка на бели колачиња „бомбици“, кој го употребивме за правење на колачиња со облик на овошје. Вистинска радост за најмалите!
Состојки
- 200 мл. вода
- 250 грама шеќер
- 100 грама маргарин
- 11 лажици гриз
- 2 пакувања ванилин шеќер
- 250 грама кокос
Ќе ви требаат и:
- Прехранбени бои по желба
- Кокос за валкање на колачите
- Ленено семе и цели каранфилчиња за декорација
За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Сад за сос.
Подготовка
Чекор 1: На тивок оган ставете ги водата, шеќерот и маргаринот додека зовријат.
Промешајте ги кокосот, гризот и ванилиниот шеќер во сад. Потоа додадете ги во зовриената течност. Убаво измешајте за да добиете рамномерна смеса.
Чекор 2: Смесата ја делиме на 4 дела, од кои едниот го оставаме бел, а во другите ставаме жолта, зелена и црвена боја.
Оставете убаво да се изладат, за да може да ги обликувате.
Чекор 3: Од белиот дел правиме топчиња кои ги валкаме во кокос.
Од црвениот и зелениот дел правиме мали лубеници, па ставаме ленено семе за комплетен изглед.
Од жолтиот дел со малку зелена смеса правиме круши, а каранфилчињата ги користиме како дршки.
Потоа правиме праски од жолта и црвена смеса, и ги валкаме во кокос. Црвени јаболчиња... а понатаму оставаме на вашата фантазија.
Чекор 4: Колачињата директно редете ги на чинија за сервирање кога ќе ги правите. Потоа оставете ги во фрижидер за убаво да се изладат и стегнат, па сервирајте!
СОВЕТ: Смесата за овие колачи треба да се излади за да може да работите со неа. Тоа е мека смеса, па се работи без многу сила. Сепак, ако ви е премногу меко за работа, додајте уште малку кокос!