Оваа француска пита настанала така што се искористувале остатоците од месо од некое јадење, но со тек на времето и нејзината популарност луѓето ја мутирале и со било какво месо, особено со мелено, бидејќи не секогаш често остануваат остатоци од јадењата со месо.
Мене ми е многу блиска до ирската пита, но секако дека не е и иста. Во целиот процес на приготвување и дегустирање, интересен и нов момент за мене беше додавањето на презла во посипот со кашкавал. Кашкавалот не гори така лесно со печењето, а и за јадење се однесува поинаку - додека е топла, го нема она дооолго и непријатно тегнење на кашкавалот, а пак кога ќе одлади има прекрасна и вкусна крцкава кора ммм...

Најпрво се ставаат компирите да се варат, па за тоа време се приготвува месото.

На парче путер се запржува прво главицата кромид, па за брзо време се додава ренданите моркови, па пресованиот лук и на крај меленото месо и последно зачините.

Содржината од тавата се претура во тава со димензии не поголема од 20х30 и убаво се израмнува површината.

Компирите се пасираат со пасерка, им се додава путерот, млекото и зачините.
Пирето од компири се праспоредува врз месото.
Одозгора се ренда кашкавал, а врз кашкавалот се посипува со презлата.

Се печи на 180С околу 40 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови