Видео рецепт: Говедско Чили
Говедското Чили е феномен во Америка – се организираат годишни панаѓури и фестивали со натпревари кој ќе го подготви најдобриот рецепт за ова јадење и конкуренцијата е многу голема!
Состојки
- 500 грама мелено говедско месо
- 1 говедска коцка за супа
- 1 кромид
- 3 чешниња лук
- 1/2 конзерва домати
- 1/2 конзерва црвен грав
- 2-3 супени лажици лут чили зачин
Ќе ви треба и:
- Сол, бибер и маслиново масло
- Се служи со ориз и кисела павлака.
За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Тава за пржење и Касерола.
Подготовка
Чекор 1: ВРЕМЕ Е ЗА СЕЧКАЊЕ: Ситно исечкајте ги кромидот и лукот.
Чекор 2: Пропржете ги лукот и кромидот во маслиново масло, потоа додадете го месото и пржете додека да се зацрвени.
Чекор 3: Додадете ги другите состојки како што е говедската коцка за супа, гравот, чилито и доматите од конзерва. Намалете го шпоретот и оставете сѐ заедно да крчка 10 минути.
Чекор 4: Го вариме оризот во солена вода додека да омекне и готови сме.
Чекор 5: Говедското чили се служи со ориз и кисела павлака!
СОВЕТ: Количината на кисела павлака која ќе ја употребите зависи од тоа колку луто сакате да биде – доколку сакате МНОГУ ЛУТО јадење, ставете повеќе чили, малку павлака. И уживајте!.
:)))))))))))))))))))))))))))))))