Chicken Nuggets-пилешки грутчиња
Пилешкиот стек го сецкаме, па го ставаме во процесор, го ситниме.
Додаваме сол, свежо мелен бибер, чили во прав, крем сирење.
Парченцето двопек, кое претходно било натопено во млеко ги процедуваме и го додаваме кај претходните состојки.
Убаво цела смеса ја соединуваме.
Покриваме со прозирна фолија и оставаме во фрижидер да се спојат вкусовите, 1,2 часа.
Потоа со намастени раце формираме грутчиња.
Ги редиме во послужавник.
Ги обложуваме прво во брашно, па јајце, па презла, повторно јајце, презла.
Ги пржиме на умерен оган.
Ги редиме на хартиени салфетки.
Ги сервираме на даска, со прилог од салата, сос од мајонез и кечап...
На здравје
До колку користите цело пиле...
Убаво свежото пиле го транжираме.
Значи ја одстрануваме кожата, коските...
На страна го оставаме чистото месо.
Го ставаме во процесор или блендер.
од остатокот на пилешкото месо, коските, може да се подготви чорба со морков, целер..
Лиценца: Сите права се задржани