Скоро исти како во МекДоналд
Подготовка:
1. Пилешките гради ставете ги во блендер или сомелете ги на машина. Во месото додајте го јајцето и солта и убаво измесете ја смесата. Од неа направете ги грутчињата, прво топче, па малку сплескајте го.
2. Секое грутче обложете го со нишесте.
3. Во некоја вангличка ставете ја водата, јајцето, сенфот, лукот во прав, сувиот кромид, биберот, солта, пченкарното и обичното брашно и убаво изматете ја смесата да нема грутчиња.
4. Секое парче месо убаво намакајте го во смесата и наредете ги сите на табла. Ставете ги во фрижидер на еден час.
5. Загрејте го маслото на не многу јака температура. Пржете ги грутчињата отприлика по 5 минути, превртувајќи ги. Извадете ги на хартија. Потоа пак вратете ги назад на пржење уште по 5 минути. Пржењето на два пати се прави за да ја задржат бојата, да не изгорат ако ги пржите подолго време наеднаш.
6. Послужете ги топли со сос по ваша желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови