Видео рецепт: Чикен Нагетс
Денес ќе готвиме заедно со Невена, готвач член на нашата веб-страница. Невена ќе подготви еден од нејзините најпопуларни рецепти, Чикен Нагетс.
Чикен Нагетс, или популарните пилешки ќофтенца кои се служат во рестораните за брза храна. Секогаш е подобро да ги подготвите самите, од свежи состојки, кога и да посакате!
Подготовка
Чекор 1: Пилешкото месо исечете го на помали коцки, кромидот и лукчето исецкајте го, лебот издробете го и ставете ги во сад за блендирање. Додајте ги сенфот, сосот од соја, сол и бибер. Блендирајте ги додека се добие мазна смеса.
Чекор 2: Од смесата направете мали ќофтиња. Оваа количина е доволна за 10 парчиња.
Чекор 3: Подгответе ја смесата за похување.
Во сад изматете ги јајцето и млекото, додајте ги брашното, пецивото и малку сол. Измешајте ги да се изедначат.
Чекор 4: Ќофтињата прво ставете ги во смесата, потоа во презла и пржете ги во загреано масло од двете страни. Испржени извадете ги на салфетка да се впие вишокот на маснотија.
Чекор 5: Послужете ги топли со салата, пржени компири, кечап и мајонез по желба.
СОВЕТ: Овие ќофтиња се толку вкусни, што веруваме дека ќе станат дел од вашето семејно мени!