Видео рецепт: Цементиран полнет Крап
Фичо ќе направи цементиран Крап во сол, а покрај тоа и полнет со зеленчук и зачини.
Подготовка
Чекор 1: Исчистете го крапот, посолете го на внатрешната страна и оставете го на страна.
Чекор 2: Белките, солта и водата мешајте ги додека да добиете изедначена смеса.
Исечкајте ги ситно морковот и кромидот и измешајте ги со грашокот и пченката. Додадете малку копар. Запржете ги на тавче малку да омекнат.
Наполнете го крапот со смесата.
Чекор 3: Во тавата во која што ќе печете ставете подлога од сол, дебела околу 2 сантиметри. Ставете го крапот врз солта и покријте го со сол од сите страни.
Чекор 4: Печете во загреана рерна на 190 степени околу 70 минути.
Чекор 5: Во сад на оган ставете 250мл вода да зоврие. Додадете го маслиновото масло и малку сол. Кога ќе зоврие, тргнете ја од ринглата и додадете го кус кусот. Мешајте додека да ја впие водата и додадете го путерот.
Чекор 6: Сервирајте го крапот со кус кус.
СОВЕТ: Пробајте го овој начин на печење Крап во сол, дури и не мора да го полните доколку така сакате. Само зачинете го и „цементирајте“ го во сол.