Фичо ќе прави едноставен колач, кој е со посветла боја од популарните Браунис, па се нарекува Блондис.

Подготовка

Чекор 1: Во сад за матење ставете ги шеќерот, путерот, јајцата и екстрактот. Јајцата малку изматете ги пред да ги додадете во смесата. Мешајте убаво да се спои смесата.

Чекор 2: Во помал сад измешајте ги брашното, прашокот и солта. Измешајте ги двете смеси во една изедначена смеса.

Чекор 3: Истурете во тавата и покријте со парчиња чоколадо. Печете на 175 степени, 25 минути.

Чекор 4: Сервирајте!

СОВЕТ: Во смесата може да додадете дробени лешници, парчиња бело чоколадо и сушена брусница или суво грозје.