Видео рецепт: Блондис колачиња
Состојки
- Ќе ви треба (1 шолја = 240 мл):
- 1 ½ шолја кафеав шеќер Мусковадо
- 1/2 шолја растопен путер
- 2 големи јајца
- малку екстракт од ванила
- 1 ½ шолја сенаменско брашно
- 1/2 лажичка прашак за пециво
- 1/2 лажичка сол
Фичо ќе прави едноставен колач, кој е со посветла боја од популарните Браунис, па се нарекува Блондис.
Подготовка
Чекор 1: Во сад за матење ставете ги шеќерот, путерот, јајцата и екстрактот. Јајцата малку изматете ги пред да ги додадете во смесата. Мешајте убаво да се спои смесата.
Чекор 2: Во помал сад измешајте ги брашното, прашокот и солта. Измешајте ги двете смеси во една изедначена смеса.
Чекор 3: Истурете во тавата и покријте со парчиња чоколадо. Печете на 175 степени, 25 минути.
Чекор 4: Сервирајте!
СОВЕТ: Во смесата може да додадете дробени лешници, парчиња бело чоколадо и сушена брусница или суво грозје.