Видео рецепт: Бифтек со морски ракчиња
Класичен летен рецепт во кој на раженче ги нижеме месото и морската храна и потоа ги потпекуваме во Грил тава или на скара. Ова е одлична комбинација бидејќи ракчињата стануваат розови, а месото се заруменува додека се пече.
Состојки
- 10 ракчиња
- 1 бифтек
- 1 голем домат
- 3 компири
- 1 лимон
- Власец за гарнир
- Дрвени стапчиња
Ќе ви треба и:
- Сол, бибер и маслиново масло
За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Грил тава и Сет тави за пица.
Подготовка
Чекор 1: Ќе започнеме со подготовка на основата за јадењето – исечкајте ги компирите на подебели парчиња, не ги лупете, зачинете со сол, бибер и маслиново масло. Печете ги 20 – 25 минути на 160° додека да омекнат и кората да им стане крцкава.
Чекор 2: Исечкајте ги доматот и лимонот на ленти со слична големина.
Чекор 3: За подготовка на ракчињата, прво отстранете им ги главите и добро исчистете ги. Нив ќе ги готвиме во школката.
Исечкајте го месото на коцки и добро зачинете го. Парчињата месо и морските ракчиња редете ги наизменично на дрвените стапчиња.
Чекор 4: Загрејте ја Грил тавата или Делимано Фестиво тавата и во неа печете ги стапчињата со месото и ракчињата. Вртете ги повремено. Додека се готват, ракчињата ќе добијат силна розова боја. Проверете дали се готови парчињата бифтек и подготвени сте за послужување.
Чекор 5: За послужување, прво наредете ги парчињата компир, лимон и домат во форма на круг. Одозгора ставете 2 ражничи и украсете со свеж зелен власец.
СОВЕТ: Откако ракчињата ќе бидат готови, сочното месо многу едноставно излегува од школката. Одлична е сликата од чинија со празни школки и стапчиња за ражничи, по летен оброк кој ги задоволил вашите сетила.