Видео рецепт: Бесрамна торта
Оваа торта е наречена Бесрамна, бидејќи со оглед на составот бара навистина да немаш ни срам, ни перде - и за да ја направиш, и за да ја изедеш. Составот е мешавина од јатки и житарки, а јаворовиот сируп ја омекнува и и` дава дополнителен сладок вкус.
Готвиме заедно со Ана Азгоур од блогот за жива храна Сурово и вкусно.
Состојки
- 100гр бадеми
- 100гр лешници
- 4 лажици овесни снегулки
- 1 лажица ленено масло
- 1 лажица какао (или рогач)
- 8 свежи урми
За прелив ќе ви треба:
- 50гр лешници
- 3 лажици сусам
- 5 лажици брусница
- Јаворов сируп за преливање
За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Калап за векни и Делимано Кујнски сецко.
Подготовка
Чекор 1:Бадемите заедно со 100гр лешници мелете ги најситно што можете.
Чекор 2:Овесните снегулки покиснете ги во вода неколку минути, потоа исцедете ги и додајте ги кај бадемите и лешниците. Додајте ги и лененото масло, какаото и урмите. Мелете сѐ заедно додека да стане еднаква смеса.
Доколку немате сецко или машина за мелење што ќе ја собере целата смеса, може да мелете една по една од цврстите состојки, а потоа сите заедно со лененото масло и какаото да ги замесите како тесто.
Чекор 3:Вака приготвената смеса ја расплескуваме во Делимано Калапот за векни и ја попрскуваме со јаворов сируп. Одозгора наросете го сусамот, останатите 50гр лешници исечкани на покрупни парчиња и брусницата. На крај тортата попрскајте ја со уште малку јаворов сируп.
Чекор 4:Оставете ја тортата 2-3 часа во фрижидер, а потоа извадете ја од калапот.
Чекор 5:Сервирајте парче од тортата, па прелијте го со уште малку јаворов сируп. Потоа, уживајте без срам!
СОВЕТ: Ние оваа торта ја подготвивме со брусница, но вие можете да ставите суво грозје, суви кајсии или кокос, за да биде сосема според вашиот вкус.