19
мар
2020
ACE - свеж сок
Како обожавателна домашно подготвени сокови,секогаш трагам по нови идеи. Денешниов е убав и здрав сок.
Овошјето го лупиме.И морковите и ѓумбирот ги лупиме, за подоцна да нема кончиња во сокот.
Ги ставаме во блендер,па додаваме вода и блендираме.
Кој сака густ може така да го конзумира,а кој не сака,можете да го процедите.
Кај мене децата сакаат цедено, па јас дополнително за нив спремам така.
Кога е добро сомелено овошјето додадете ги коцките мрази уште еднаш уклучете блендерот или нутрибулетот.
Капките масло додајте си ги во чашата дирекно пред пиење.
На здравје да ви е.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови