21
ное
2014
Ќофтиња од тиквички
Тиквичката измијте ја и изрендајте ја во подлабок сад на крупната страна од рендето. Во садот изрендајте го и кромидот и додадете ги сите останати состојки. По желба може да додадете и лук.
Смесата убаво измешајте ја и оставете ја во фрижидер половина час.
Во тава на оган ставете масло колку да се покрие дното. Со поголема лажица ставете од смесата на загреаното масло. Откако ќе порумени ќофтето превртете го од другата страна. Доколку има потреба додавајте масло за време на пржењето.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови