Започнуваме со подготовка на тестото. Се делат белките од жолчките. Ги матиме белките со миксер додека да добиеме цврст снег.  Во садот со жолчки го додаваме омекнатиот маргарин и шеќер во прав и матиме со миксер додека смесата не стане пенеста. Во добиената смеса со жолчки ги додаваме башното, мелените лешници, пецивото, какаото и изматените белки. Мешаме со лажица додека да добиеме еднолична смеса и ја истураме во плех за печење. Печеме 25-30 минути на 180 степени.
Во меѓувреме се подготвува филот. Во сад на страна се мешаат 150 гр мелени лешници, шеќер во прав, ванилин шеќер и рум.
Испеченото тесто се премачкува со мармаладот од праски и врз него се нанесува смесата со лешници.
Во друг сад на оган се топи 200 гр чоколадо со 4 лажици масло и се истура врз филот од ореви. Се остава колачот да стегне во фрижидер. Потоа се сече на коцки кои по желба се декорираат со изматена шлаг пена

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови