Јогуртли тава
Една вкусна тава која подсетува на Велигден.Но, јас ја приготвувам во текот на целата година и со телешко месо, која е подеднакво вкусна и убава како и со јагнешко.
Најпрво го ставам месото да се вари. Првата вода ја фрлам, а потоа во втората вода, штом зоврие, додавам сол, коцка за супа, ловоров лист (неколку). Се вари целосно.
На плитка мрснотија го пропржувам оризот со малку сол-додека почни да се дели зрно од зрно, со постојано мешање.
Потоа додаваме вода и тоа во сооднос 1 према 3, пришто првата шоља ( за млеко, со истата го мерам и оризот) е ладна обична вода, а другите 2 од водата во која се вареше месото. Се меша додека зоврие и убаво се се разреди.
Зачинуваме по потреба со саканите зачини.
Ги матиме јајцата со вилушка и го додаваме киселото млеко. Ја соединуваме убаво смесата.
Во меѓу време ја вклучуваме рерната на 200 степени.
Кога веќе оризот е полуварен, убаво набабрен, го поливаме со смесата од јајца и кисело млеко. Разредуваме и ги редиме парчињата месо.
Наросуваме со мешан сув зеленчук и црн пипер.
Ја ставаме тавата во рерна. Печеме до готовност, односно додека не порумени одозгора и при затресување на тавата не се ниша оризот.
Пријатен апетит!!!
Лиценца: Сите права се задржани
Ti blagodaram... :-)
Taka e, epten e vkusen orizot podgotven na ovoj nacin... :-)