Јафа торта
Се мати кора од 8 јајца 8 лажици шеќер, потоа се додава 1 лажица зејтин, 10 лажици ореви и 4 лажици брашно и на крај се додава 2-3 капки сок од лимон се прават вакви 2 кори потоа се сецат преку средина да се добијат 4 кори .За филот се зема еден литар млеко од него се остава една цаса а остатокот се става на спорет со 10 лажици шекер да зоврие во остатокот се добават 10 лаз густин добро се размешува и се додава во завриеното млеко и се прави густ крем се остава да олади. Се зема 1 маргарин се соединува со 100 грама прах шеќер потоа се додава изладениот крем и се заедно добро се мати. Вториот крем се растопува 200грама шеќер како за карамел потоа се додава половина чаша вода добро да се растопи шеќерот да почне водата да врие и се додават 200грама ореви и 100грама чоколада. Кога смесата ќе олади се мати со 200гр маргарин.
Филување торта бел фил јафа бел фил торта црн фил торта бел фил јафа бел фил торта црн фил
Лиценца: Сите права се задржани