Ова е посна верзија на јафа торта, еден од моите првите рецепти објавен на страницава, само што сега ја подготвив за посни денови кога постиме без масло.
И благодарам на мојата пријателка Емили од Виена која ми ја даде идејава за вака да го искомбинирам тортичево. Јас малку го изменив предложениот рецепт, со тоа што додадов сок од портокали во тестото.
Поздрав Емили и со лесно да ни се постиве!

Подготовка
1. Ја вклучуваме рерната на 180 степени.
2. Сувите состојки ги одмеруваме, просејуваме и ги ставаме во сад.
3. Ги додаваме водата и сокот па матиме до хомогена смеса.
4. Во округла тава бр. 26, на хартија за печење ја истураме смесата и печеме во загреана рерна. По 30 минути пробуваме со чепкалка дали ни е испечена тортата.
5. Ја вадиме печената торта од рерна, чекаме да се подолади, па ја вадиме и од тавчето.
6. Сечеме 1/3 од тортата по должина и ја цепкаме на ситни парчиња.
7. Во парчињава ставаме шербет и рендаме два смрзнати портокали, па соединуваме со миксер.

Забелешка

Ако постите со масло може да ја прелиете со чоколадо со тоа што во сок од 1/2 портокал и 2-3 лажици масло растопете 150 гр чоколадо и прелијте ја тортава со него.
Шербетот кога ке постигне точка на вриење, треба да врие околу 3- 4 минути и треба да е малку подизладен, да не е врел, се истура во дробениот пандишпан. Се меша до хомогена смеса.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани