150 гр.дробени јадро наполитанки, 150 гр сецкани лешници, 200 гр.бел крем (јас користам Луна), 50 гр сецкана брусница. Се се меша убаво и се прават мали топчиња( доколку смесата е малку мека се остава на 10 мин во фрижидер) со навлажнети раце...направените бомбици се оставаат во фрижидер на половина час.

200гр.чоколадо се растопува со 5 лажици зејтин и се чоколадираат бомбиците (јас сега користев и црно и бело чоколадо за готвење)...се украсуваат во зависност од вашите желби

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови