28
мар
2020
Јагнешко со пиво
Пролетта е сезона на јагнешкото месо,па еве еден начин на спремање на јагнешко.
Откако ќе се измие месото се засечува на неколку места.Се посолува месото,се додава црн и црвен пипер.Во засеците се става чешне лук, исечено на половина.
Во тавчето во кое ќе го печеме месото, се става месото и се додава 3-4 лажици зејтин.Се става месото во рерна на 250 степени додека да фати кора,отприлика 10 минути.Се вади од рерната,се полева со 250 милилитри пиво и 100 милилитри вода.Се враќа во рерната и се намалува рерната на 180 степени.Месото се пече околу 1 и пол час и притоа се врти двапати.
Најдобро е да се служи со спанаќ и ориз .
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови