Збогатете ја вашата празнична трпеза со овој прекрасен десерт. Топла препорака од мене.

Подготовка:
1. Жолчките се одвојуваат од белките. Изматете ги белките во цврст шам со половина количина шеќер . Изматете ги жолчките со остатокот шеќер. Додадете масло и брашно што претходно сте ги измешале со прашокот за пециво. Измешајте сè заедно. Додадете ги подготвените белки и соединете ги со жица за матење.
2. Плехот го премачкуваме со масло и брашно, бр 21×36 цм. Се прелива и се распоредува подготвената смеса. Се пече во загреана рерна на 180 степени околу 25 минути. Оставете го бисквитот да се излади.

3. Полнење - (Прв дел) -  Јаболката се мијат, се лупат и се сечат на парчиња, па се префрлаат во тенџерето. Додадете шеќер, ванилин шеќер и вода. Гответе сè заедно додека јаболката не омекнат. Процедете ги и оставете ги да се изладат. Оставете ја водата од јаболката на страна. Изладените јаболка се поминуваат со стапчест миксер или во нутрибулет. Се нанесуваат врз испеченото тесто и се израмнува површината.
4. Втор дел - Од течноста која ќе се користи, се одделува малку да се излади. Тука се раствораат пудинзи те. Се враќаат во течноста. Се вари до згуснување. Додека е топол одма се нанесува врз делот со блендираните јаболка. Се израмнува убаво. Се остава на ладно 4,5 саати. Се сече на парчиња и се декорира. Колку повеќе стои колачот, толку е посочен.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани