Јаболков колач
Состојки
- Основа
- 4 јајца
- 4лажици шеќер
- 4лажици брашно
- 1лажиче масло
- 1/2лажиче пециво
- Прв дел од јаболка
- 1л вода
- 1кгр исчистени јаболка, значи мерка без лушпа
- 300 до400гршеќер
- 1 ванила
- 1лажиче цимет
- Втор дел од јаболка
- Течноста од варените јаболка,околу 600, 700 мл
- 2 пудинзи од ванила
- За декорација
- Шлаг со вкус на ванила и мини медењаци
Подготовка
Збогатете ја вашата празнична трпеза со овој прекрасен десерт. Топла препорака од мене.
Подготовка:
1. Жолчките се одвојуваат од белките. Изматете ги белките во цврст шам со половина количина шеќер . Изматете ги жолчките со остатокот шеќер. Додадете масло и брашно што претходно сте ги измешале со прашокот за пециво. Измешајте сè заедно. Додадете ги подготвените белки и соединете ги со жица за матење.
2. Плехот го премачкуваме со масло и брашно, бр 21×36 цм. Се прелива и се распоредува подготвената смеса. Се пече во загреана рерна на 180 степени околу 25 минути. Оставете го бисквитот да се излади.
3. Полнење - (Прв дел) - Јаболката се мијат, се лупат и се сечат на парчиња, па се префрлаат во тенџерето. Додадете шеќер, ванилин шеќер и вода. Гответе сè заедно додека јаболката не омекнат. Процедете ги и оставете ги да се изладат. Оставете ја водата од јаболката на страна. Изладените јаболка се поминуваат со стапчест миксер или во нутрибулет. Се нанесуваат врз испеченото тесто и се израмнува површината.
4. Втор дел - Од течноста која ќе се користи, се одделува малку да се излади. Тука се раствораат пудинзи те. Се враќаат во течноста. Се вари до згуснување. Додека е топол одма се нанесува врз делот со блендираните јаболка. Се израмнува убаво. Се остава на ладно 4,5 саати. Се сече на парчиња и се декорира. Колку повеќе стои колачот, толку е посочен.