Кога ќе се рашири мирисот на лук низ нашиот дом сите се прибираат во кујна како пчели на цвет. Еве да ви ги претставам и овие интересни ѓевречиња кои се изедоа за час.
Подготовка
Сите состојки за тесто ги замесуваме и треба да добиеме средно меко тесто. Го оставаме да стаса, да се дуплира. За тоа време го подготвуваме премазот. Лукот го толчиме заедно со солта да ни се направи како мајонез. Магдоносот ситно го сечкаме и заедно со маслото го промешуваме во лукот. Тестото го превртуваме на работната маса и го расукуваме. Може и да го размесиме кратко, пред расукувањето ако има потреба, ако е компактно не мора, само расукајте го во правоаголник. На половината од тестото премачкуваме со филот од лук и магдонос. Со другата половина го преклопуваме. Сечеме ленти, ги увртуваме како бургии и формираме ѓевречиња или полжавчиња, по желба. Ги стасуваме некои 10-15 минути и ги печеме во загреана рерна на 220 степени со вентилатор. Откако ќе се испечат ги премачкуваме со масло.
Забелешка
Квасецот што го користам е за 1 кг брашно, ама јас во оваа доза на брашно ставам две пакетчиња квасец.