Шпанска тава
Подготовка
1. Компирите сварете ги, па кога ќе се оладат исечете ги на кругови.
2. Колбасите исечете ги и кратко пропржете ги. Во нив ставете го и исечканиот праз и пржете го десетина минути. Зачинете со сув зачин и бибер.
3. Тавата во која ќе печете премачкајте ја со путер и ставете еден ред од компирите. Над нив ставете го празот со колбасите. Ставете го и издробеното сирење, изренданиот кашкавал, па павлаката.
4. Над павлаката ставете уште еден ред од компирите. Над нив кругови од домати, посолете ги и на крај наросете ги со пармезан и магдонос.
5. Прекријте ја тавата со фолија и ставете ја да се пече во загреана рерна на 200 степени, половина час отприлика. Извадете ја фолијата и уште кратко запечете ја тавата, да зарумени.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови