Во тенџере ставаме вода да зоврие, ги ставаме шпагетите да се варат и во меѓувреме го подготвуваме сосот. Кромидот и морковите ги рендаме и ги ставаме во тавче со загреано масло да се пржат, ги додаваме и печурките. Пилешкото месо го сецкаме на парчиња и го додаваме во тавата и го пржиме. Кога убаво ќе се испржи ја додаваме крем супата од печурки и една чаша ладна вода и промешуваме. Ја додаваме павлаката, мешаме убаво и ја тргаме тавата од оган. Шпагетите убаво ги цедиме и ги преливаме со крем сосот. Декорираме со магдонос.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови