Шницли во сос од печурки и морков
Шницлите треба д.а се тенко исечени и исчукани.Ги посолуваме и побиберуваме.Се запржуваат и од двете страни,се додава 4 ливчиња ловор и се полева со вино.На страна правиме заленчукова супа со тоа што 1 коцка за супа раствараме со 500 милитри вода за да не биде пресолено со 2 коцки.Полеваме постепено од супата кон шницлите.Треба да се динстаат на тивко додека да омекнат,а тоа е околу 1,5 часа.
За сосот на зејтин го запржуваме морковот исечен на парчиња и маринираните шампињони.Ги полеваме со 500 милитри вода и 1 крем супа од печурки и постојано мешаме околу 10 минути за да се свари и згусне сосот.
Може да ги служите со пире,ориз или било каков додаток по ваша желба.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови