Се трудам за пилиштарциве да приготвувам здраво. Комбинации на шејкови сме правеле милион. Ништо не ми вратиле со незадоволство. Но некои комбинации не на сите ни се допаднале и сме ги повторувале по повеќе пати. Оваа е една од нив.
Како и сите други шејкови се прави брзо и лесно.
Сите состојки ставете ги во блендер и пасирајте додека не добиете мазна смеса.
Засладувач нам не ни беше потребен, но доколку сакате можете да додадете.

Бананата ја дава густината на пијалокот. Коријандерот е добар за прочистување на телото од токсини.
Аронијата се додава во мали количини бидејки е јака.
Мојот омилен дел при подготвување на овошни пијалоци е да додадам нешто масно. Овој пат изборот падна на кисело млеко и не погрешив.
Овошјата се богати со витамини. Некои витамини се раствараат во вода, некои во масти. Затоа секогаш додавам нешто масно, за подобро да се апсорбират витамините. Во овошни шејкови можете да додадете и кокосов масло, маслиново, една лажичка путер...

На здравје! Ама баш НА ЗДРАВЈЕ!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани