Чорба од зеленчук и хељдина тестенина
Здрава, богата чорба, добредојдена во студени денови. Пробајте.
На загреано масло се става ситно сецканата главица кромид кратко да се запржи.
Потоа се додава останатиот измиен и исецкан зеленчук 1-2 минути и тој да се запржи.
Се додава сол, бибер, зачин и се налива вода.
Се остава на тивко да крчка 10-15 минути или онолку време колку што е потребно да се свари зеленчукот.
Пред крај се додаваат хељдините тестенини и вари уште 3-4 минути.
Се трга од оган и малку нека се подизлади.
На страна се мати едено јајце, се додаваат сокот од лимон и јогуртот.
Во танок млаз се додава еден кутлач во оваа смеса и постепено ова се додава во сварената супа
Лиценца: Сите права се задржани