17
мај
2016
Чоко- јагода мафини
На тивок оган се ставаат да се соединат путерот , шеќерот и чоколадото. Се трга од оган и во млаката смеса се додаваат јајцата, брашното и пецивото. Убаво се соединува со миксер , матејќи 1 минута. Се полнат 12 хартиени корпи за мафини. Се печат околу 10 минути. Во касерола се ставаат пудингот, шеќерот и млекото. Се вари до згуснување. Се лади и му се додава изматена слатка павлака. Се декорираат мафините со кремот, и на крај ставаме јаги, чоко топчиња и ливчиња нане.