Ова е мојата омилена овесна каша, брза за припрема, здрава, вкусна и држи ситост подолго време. Овесот е житарка која пред се ќе ве наполни со енергија. Содржи витамини Е, Б5 и Б6, како и минерали железо, селен, манган и бакар. Сите појадоци во кои ќе вклучите овес ќе ви помогнат да го започнете утрото полни со енергија која ќе трае низ денот.

Подготовка

1. Во касерола ги ставаме млекото и овесните снегулки. Кратко се вари, додека да згусне смесата.
2. Потоа ја додаваме бананата (пола-пасирана), соединуваме. Заблажуваме по потреба и вкус со мед (или по ваш избор).
3. Овесната каша ја сервираме во длабока чинија и декорираме по желба. Јас се одлучив за кругчиња банана и сецкани зрна какао...превкусна комбинација.

Забелешка - Овесната каша е здрав појадок кој го подготвувам на два начина. Ладна каша - каде што овесот го оставам да одстои во некоја течност 5-10 минути или топла каша каде што овесот го мешам со течноста и се загрева. Топлата овесна каша за мене е одлична за студените есенски и зимски утра кои следат, а ладната овесна каша е идеална за пролетните и летните денови.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани