Овесна Каша (со киви, банана и ореви)
За овој рецепт ви се потребни најмногу 5 минути, се спрема од вечер и сабајлината здравиот и превкусен појадок ви е спремен за конзумирање.
Подготовка
- Во помала тегличка ги ставаме наведените состојки, промешуваме до хомогенизирање.
- Затвораме со капачето и тегличката ја оставаме во фрижидер од вечер.
- Сабајлината веднаш уживаме во овој превкусен појадок, кој по ваша желба може да се декорира, јас се одлучив за парчиња киви, банана и ореви.
Забелешка - Бананата и кивито јас ги исецкав на мали парчиња бидејќи сакав повеќе да се чувствува нивниот вкус, но вие ако сакате може да ги испасирате со вилушка, па така да ги додадете кај останатите наведени состојки. Може да додадете и чија семе кое одлично се вклопува во оваа комбинација, јас во моментот немав.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани