18
окт
2016
Чокотаан коцки
Искршете го чоколадото на ситни парчиња и ставете го во тенџере. Додадете го таанот или кикири путер, медот и путерот и топете ги до хомогена смеса на тивок оган на ринглата. Тргнете на страна и додадете ги останатите состојки. Измешајте убаво и сипете во калап со димензии 20х20. Оставете на ладно да се здрви неколку часа или преку ноќ. Потоа сечете на коцки и уживајте во вкусот кој ќе го одредите самите со изборот на кикири путер или таан масата.