Чоколадни суви колачи со путер од кикиритки
Сувите состојки заедно се мешаат. Путерот пенасто се мати со шеќерот и постепено се додава путерот од кикиритки.Откако ќе се соединат се додава јајцето и екстрактот од ванила.Сега се додаваат постепено сувите состоји и рачно се меша до соединување на смесата. На крај се додава јогуртот и се убаво се соединува. Смесата се остава 1 час во фрижидер или 20 мин во замрзнувач. Со помош на лажиче се зема од смесата и се обликуваат сплескани бомбици. Како мене ми беше солидно тестото за сечење, го растанчив на 1см со оклагија, го исеков на коцки и од секоја обликував колачиња. Колачите се редат на плех и се печат на 180С 10-12 минути. Отприлика излегуваат околу 50на колачиња. Откако малку ќе подизладат се преливаат со стопен путер од кикиритки и чоколадо по избор. Се оставаат да се здрви преливот па се собираат во кутија.