Чоколадни распукани колачиња
Рецепт за прекрсаните распукани чоколадни колачи, кои секогаш се наоѓаат на моето мени за време на зимските празници.
1. Во соодветен сад измешајте ги сите суви состојки(просеани). На пареа стопете ги путерот и чоколадото и оставете околу десетина минути да се оладат. Додадете го шеќерот и убаво измешајте. Во оваа смеса додадете ги јајцата- едно па мешајте убаво со жица за матење ,па другото јајце и повторно убаво измешајте. На крај додате ги сувите состојки, постепено со мешање.
2. Смесата ставете ја во фрижидер најмалку два часа(а може и преку ноќ). Со рака од смесата формирајте топчиња со големина на орев и обилно валкајте ги во шеќер во прав. Ставајте ги на поголема оддалеченост затоа што доста нараснуваат при печењето. Се печат во загреана рерна на 180 степени,10 минути. Оставете убаво да оладат.
На здравје!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови