Колачиња со врвен вкус и мирис, брза подготовка за која ви се потребни 30-на минути, идеални за ненадејни гости, за ваше заблажување или за збогатување на вашата трпеза за престојните празници.

Подготовка
1. Во длабок сад го ставаме јајцето, шеќерот и маслото, мешаме со рачна маталка.
2. Ги додаваме сокот од лимонот, кората од лимонот, пецивото и брашното.
3. Со лажица или со рака ги соединуваме состојките.
4. Веднаш (со многу малку намрсени дланки, со масло) формираме топчиња со тежина од 20 гр.
5. Ги редиме на мало растојание во плех, врз мрсна хартија за печење. Одозгора им наросуваме шеќер во прав.
6. Ги ставаме да се печат во загреана рерна на 170 степени, до благо заруменување од долната страна. Јас печев точно 20 минути, вие по 15-на минути проверете ги, извадете едно колаче и видете дали ја имаат добиено потребната боја на долната страна (видете додатни слики).
7. На испечените колачиња по желба и вкус им наросуваме уште по малку шеќер во прав.

Забелешка - Од оваа количина испаѓаат 30 колачиња со таа големина. Можете да ги направите и со замена на лимонот со портокал.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани