Чоколадни пралини со чоко крем
Исто така и овој рецепт одамна го имам, како што се вели -намерачено- па еве сега му дојде редот да го испробам ...
Топло ви го препорачувам и сигурно ќе ви се допадне .
1. Во длабок сад измешајете ги со жица жолчката, шеќерот, румот и водата, па ставете го на пареа да се вари, се додека се стопи шеќерот и да се згусне смесата смесата, така што кога ќе се помине со лажицата да остава гол траг на дното на тенџерчето.Смесата е доста густа и леплива.
2. Во топлиот -жежок- крем додајте го путерот и прашокот за пудинг. Пудингот НЕ ТРЕБА да се вари и продолжете да мешате. Мене овој крем некако ми се гледаше доста леплив и по мој избор додадов околу 20мл слатка павлака. Работев дупла доза и додадов речиси 50мл, но мислам дека за една доза е доволно 20мл слатка павлака.
3. Оставете го во обичниот фрижидер да се лади околу 1 час и половина, но повремено проверувајте ја густината на смесата со промешување.
Смесата е доста густа и леплива, но без никаков проблем може да се обликуваат топчиња и да се прпелаат во една од наведените состојки за посип.
4. Ако се одлучите да правите пралини како што одлучив јас,стопете го чоколадото со маслото и премачкајте ги капалите 2-3 пати, па оформете мало топче и стиснете го во пралините да се наполни околу 1/3 од калпот. Останатиот празен дел поплнете го со чоколадо и оставете го да се стегне.
Извадете ги пралините од калпите и уживајте во чоколадниот вкус на бонбоните...
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
pozzz
Cvetcinjata se od cokolado lieni vo silikonsko kalapce....
Taka da se e vo znakot na cokoladoto...