Испечати

Чоколадни пралини со чоко крем

Чоколадни пралини со чоко крем

Состојки

  • ЗА ПРЕМАЧКУВАЊЕ НА КАЛАПИТЕ ИЛИ ХАРТИЕНИТЕ КОРПИЊА
  • 200гр чрно чоколадо
  • 4 супени лажици масло
  • ЗА ЧОКО-КРЕМ
  • 2 паковања пудинг од чоколадо
  • 1 жолчка
  • 2 супени лажици рум или некој друг ароматичен ликер
  • 2 супени лажици вода
  • околу 20мл слатка павлака/овај дел е по мој избор за малку покомпактност на кремот/
  • 50гр шеќер во прав
  • 50гр путер
  • ако се одлучите за топчиња бидејќи сместа ја има и таа можност да се обликува -за посипување
  • по желба мелен орев
  • по желба мелен лешник
  • по желба кокос

Подготовка

Исто така и овој рецепт одамна го имам, како што се вели -намерачено- па еве сега му дојде редот да го испробам ...

Топло ви го препорачувам и сигурно ќе ви се допадне .
1. Во длабок сад измешајете ги со жица жолчката, шеќерот, румот и водата,  па ставете го на пареа да се вари, се додека се стопи шеќерот и да се згусне смесата смесата, така што кога ќе се помине со лажицата да остава гол траг на дното на тенџерчето.Смесата е доста густа и леплива.
2. Во топлиот -жежок- крем додајте го путерот и прашокот за пудинг. Пудингот НЕ ТРЕБА да се вари и продолжете да мешате. Мене овој крем некако ми се гледаше доста леплив и по мој избор додадов околу 20мл слатка павлака. Работев дупла доза и додадов речиси 50мл, но мислам дека за една доза е доволно 20мл слатка павлака.
3. Оставете го во обичниот фрижидер да се лади околу 1 час и половина, но повремено проверувајте ја густината на смесата со промешување.
Смесата е доста густа и леплива,  но без никаков проблем може да се обликуваат топчиња и да се прпелаат во една од наведените состојки за посип.
4. Ако се одлучите да правите пралини како што одлучив јас,стопете го чоколадото со маслото и премачкајте ги капалите 2-3 пати, па оформете мало топче и стиснете го во пралините да се наполни околу 1/3 од калпот. Останатиот празен дел поплнете го со чоколадо и оставете го да се стегне.
Извадете ги пралините од калпите и уживајте во чоколадниот вкус на бонбоните...