Чоколадна торта со топчиња од урда и микс од сушено овошје
Прво направете топчиња од урда.
Урдаta згмечете ja со вилушка, додајте јајце, кокос, ше'ер, ванила, густин и промешајте.
Во урдата додајте микс од сушено овошје измешајте.
Со влажни раци направете топчиња и ставете ги во замрзнувач 2 часа.
За пандишпан: Јајцата поделете ги на белки и жолчки.
Белките изматете ги со шеќер. Жолчките изматете ги со ванилата.
Во белките додајте ги жолчките и промешајте. Додајте брашно, какао и пециво
промешајте.
Во тава за печење наредете ги топчињата од урда и врз нив истурете го тестото.
Ставете да се пече на 250 степени околу 25-30 минути.
Готовата торта посипете ја со какао или украсете по желба.
Забелеша
Топчињата мора да бидат замрзнати, за кога ќе се печат да не се растекуваат.