5
јан
2016
Чоколадна пита со инстант кафе
Бисквит тестото се замесува и се става во фрижидер, да одстои половина час.
Слатката павлака се затоплува на 80 степени и се додава чоколадото со постојано мешање. Се трга од оган и се мати постојано со маталка додека не се добие хомогена смеса. Во него се додава 1 лажица инстант кафе, предходно растопено со малку вода и се меша. Филот се остава да се олади, прекриен со фолија.
Оладеното бисквит тесто се филува со чоко-кафе филот и врз него се додаваат потпечени јатки (јас користев ореви).
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови