Чоколадна- однадвор крцкава, одвнатре сочна баклава.

1. Прво го топиме путерот и му го додаваме зејтинот. Со ова ќе ги премачкуваме корите.

2. Оревите 300 грама ги мелеме, а 100 грама ги сецкаме. Кон оревите додаваме 300 грама рендана чоколада за готвење,150 грама мелени бисквити и 2 ванили. Ова ни е филот за баклавата.

3.Јо премачкуваме тавата во кој ќе ја печеме баклавата.

4.Земаме 1 кора, ја премачкуваме со стопениот путер и зејтин, врз неа ставаме друга кора, премачкуваме пак со путерот и на едниот крај ставаме неколку лажици од филот со оревите и замотуваме ролат. Го ставаме во подмачканата тава. Истото го правиме и со останатите кори.

5.Баклавата ја премачкуваме и одозгора со растопениот путер и зејтин, ја сечеме на парчиња и ја ставаме во загреана рерна на 180 степени. Ја печеме додека да добие убава златна боја(околу 30 минути). Ја оставаме ја олади.

6.Водата и шеќерот ги ставаме на оган. Кога ќе зоврие шербетот го оставаме да врие 3 минути и додаваме сок од 1 лимон. Го оставаме да врие уште 3 минути и со половина од шербетот ја полеваме баклавата. Го враќаме останатиот шербет да врие уште 2 минути. После тоа и другата половина од шербетот го ставаме врз баклавата

Најубаво е баклавата да одстои една ноќ вака, па потоа да се служи.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови