Подготовка на баклавата

1. Мелените ореви и ренданото чоколадо се соединуваат со лажица
2. Се зема по една кора и на неа по должина се распоредува по 3 лажици од филот и веднаш се витка ролат
3. Ролатите се редат во тава и се сечат по желба (моите ги сечев со должина од 10 см)
4. Путерот се растопува и се полева исечената баклава
5. Се пече во загреана рерна на 180 С
6. Шербетот се става на огин да се вари, врие околу 5 минути и на крај се трга од огин и му се додава ванилата
7. Јас оваа баклава ја попарувам со жежок шербет додека баклавата е се' уште топла.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани