Чоколаден тарт со цреши
Фантастично - чоколаден тарт..
Ние ептен го бендисавме, а црешките и како декорација ама и како додаток, дополнително не освежуваат после ваква чоколадна „агресија“ на непце =)
Подготовка
1. Путерот треба да ни е ладен и исечкан на мали коцки.
2. Го додаваме брашното и останатите состојки па замесуваме компактно тесто.
3. Го расукуваме на какао во големина поголема од дното на тавата.
4. Тавата за тарт ја премачкуваме со путер и ја наросуваме со какао.
5. Го ставаме расуканото тесто, ги отсекуваме деловите над страниците од тавата и го ставаме во фрижидер околу 1/2 час.
6. Го боцкаме со вилушка на повеќе места на дното и го печеме во агреана рерна на 190 степени.
7. Слатката павлака и путерот ги доведуваме до вриење па го ставаме чоколадото да се растопи. Го додаваме и румот, соединуваме.
8. Откако ќе се подизлади тестото го ставаме чоколадниот дел
9. Црешите можете да ги наредите па да бидат компактен дел од чоколадниот фил или пак да ги наредите откако тартот ќе се стегне.
Лиценца: Сите права се задржани