26
мар
2015
Чоколаден пудинг (посно)
Еве прилика оние кои немаат пробано тофу, би можеле да почнат со ваков оброк кој е едноставен за правење, брз, здрав, полн со енергија. Впрочем сите оние кои се хранат здраво, промовираат дека здравата храна, токму таа е Fast Food за разлика од онаа што ја знаеме како таква. Затоа еве еден брз доручек.
Урмите се чистат од семките, по желба се сецкаат на поситни парчиња, се ставаат другите состојки и малку вода за да не е суво при блендирањето, се блендира. Чоколадниот пудинг е готов.
Лиценца: Сите права се задржани