Подготовка:

1. Изматете ги жолчките со шеќерот. Маслото измешајте го со млекото и додајте го во жолчките.
Измешајте ги сувите состојки и постепено додајте ги во течните. Смесата печете ја во подмачкана, правоаголна тава. Печете во загреана рерна на 180 степени.
2. Изрендајте ги јаболката. Белките убаво изматете ги со шеќерот во цврст шлаг и додајте ги јаболката и
оревите.
3. Кога кафеавиот дел е скоро печен, извадете ја тавата од рерната и премачкајте го одозгора со смесата од јаболка. Намалете ја температурата на рерната на 150-60 степени и вратете ја тавата да се допече целосно.
4. Откако ќе се излади, премачкајте го колачот со стопеното чоколадо во кое ќе ставите две лажици масло.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови