Чоколаден колач со рум
Многу вкусен и брз колач за сите љубители на комбинација меѓу чоколадо и рум.
Прво ги матиме јајцата со шеќерот до побелување. Ги додаваме течните состојки и мешаме со лажица.
Потоа го додаваме просејаното брашно во кое сме го ставиле печивото и какаото. Убаво мешаме и смесата ја ставаме во намастена тава со димензии 20 на 20 цм.
Печеме на 180 степени околу 20 минути.
Печениот колач оставаме да се олади, па на повеќе места го дупчиме со вилушка.
За првиот прелив водата и шеќерот ги вариме неколку минути,па кога ќе ги извадиме од оган ги додаваме кафето и румот. Со лажица убаво го прелеваме целиот колач.
За вториот прелив на пареа ги топиме чоколадото, путерот и млекото додека се добие кремаста смеса.
Го прелеваме колачот и оставаме убаво да се олади.
За декорација јас искористив шарени трошки од Фантазија.
На здравје!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови