Чоколаден колач со малини
Комбинацијата од чоколада и малина секогаш е добитна комбинација.
Прво се матат јајцата со шеќерот додека да избели смесата. Се додават зејтинот,млекото и водата и низ сито се додава брашното,какаото и пецивото.Се меша и кората се пече во калап бр.28 на 180 степени околу 20 минути.
Додека се пече кората,се става шеќерот и водата за шербетот на оган.Се меша да се стопи шеќерот и да вријат заедно 1 минута и се трга на страна.На оладена кора се става насекаде од оладениот шербет.Кората треба да остане во калапот.
За филот од малини се става водата со малините.Кога ќе зоврие,се остава да врие 1 минута и се додава пудингот од ванила,густинот и 3 лажици шеќер се заедно измешано со 2 -3 лажици вода.Кога ќе згусне се полева врз кората.
За ганаш кремот на тивко на оган се става слатката павлака и чоколадите искршени на коцки во павлаката. Постојано се меша за да се стопат чоколадите и да не се дозволи да зоврие кремот.Кога сосема се стопени чоколадите се трга кремот на страна.Откако малку ќе олади кремот,се полева врз кремот од малини.
Треба да одстои во фрижидер барем 3 часа,најдобро 1 ноќ и потоа може да се сладите.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Bravo!
одлична